Тренерот на Интер , Лучијано Спалети смета дека националниот тим на Италија треба да ги отвори вратите за играчите родени во странство.
„Имигрантските деца можат да помогнат. Германија и Франција веќе го имаат направено тоа”, рече тренерот на Интер во интервјуто за „Кориере дела Сера“.
„Во принцип, ние во Италија доцниме, не само во фудбалот туку и во други работи”, продолжи Спалети.
Тој ги сподели ставовите на тренерот Роберто Манчини. „Тој го избра вистинскиот пат на развој на „азурите”- напаѓачки фудбал, кој се потпира на техниката и квалитетот, бидејќи ако се обидуваме да се бориме со противниците со физичка сила, ќе изгубиме”, додаде тренерот на Интер.
