Фудбалерите на Италија откако вчера очекувано ја совладаа Малта со 4-0 во квалификациите за Европското првенство, сега се насочуваат кон средбата со Англија закажана во вторник на легендарниот стадион – „Вембли“.
Селекторот на „аѕурите“, Лучијано Спалети, откако се осврна на дуелот со Малта, ги потенцираше и неговите очекувања од пресметката со „Гордиот Албион“.
„Значајно беше да оствариме лесна победа. Игравме добар фудбал. Натпреварот во вторник против Англија треба да покаже како ќе се развиваме во иднина“ – вели Спалети.