Фудбалерите на Наполи вчера доживеаја шокантен пораз од Специја на домашен терен а нивниот тренер, Лучијано Спалети, проценува дека екипата е истрошена и дека и треба одмор.
„Имавме неколку навистина лоши натпревари во последно време. Првин треба да се одмориме а потоа и да ги анализираме грешките.Предолго ја контролиравме средбата и не успеавме да направиме конкретна шанс“ – вели Спалети.
Наполи по кратката пауза во Серија „А“, на 6 јануари го чека дербито на теренот на Јувентус.