Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, потенцира дека денешниот дуел со Тотенхем во групната фаза на Лигата на шампионите има големо значење за неговиот тим. Стратегот се надева дека неговите фудбалери ќе покажат желба да се претстават на високо ниво на големата европска сцена од која апстинира цели 7 години.
„Средбите од Лигата на шампионите имаат огромно значење и можат да ти дадат огромен ентузијазам. Минуваме низ тежок момент и мечот има големо значење. Ова е турнир, кој не би го менувал за ништо на светот. Можеш да доживееш убави моменти“ – вели Спалети.
„Го анализиравме тоа што го реализиравме до сега и знаеме што треба да направиме вечер. Се надевам дека моите фудбалери ќе одиграат на победа” – нагласи Спалети.