Уште две нови имиња во составот на италијанската репрезентација за мечот со Македонија. Алесандро Бастони утре нема да се појават на теренот на „Олимпико“ за мечот со Македонија. Како што утрово потврдија од таборот на „аѕурите“, Бастони и дефинитивно отпаѓа поради повреда, а на негово место Спалети веднаш го повикал Џанлука Мансини од Рома.
Дефанзивецот на Интер има повреда на потколеницата и го напушта тренинг кампот во Фиренца. На негово место доаѓа дефанзивецот на Рома.
Во текот на ноќта голманот Викарио имал мала треска, па затоа, како мерка на претпазливост, повикан е и голманот на Аталанта, Марко Карнесеки, денеска ќе пристигне во базата на Италијанците.