Фудбалерите на Наполи со две сигурни победи го елиминираа Ајнтрахт Франфурт и влегоа во четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите. Нивниот тренер, Лучијано Спалети, не крие дека е задоволен од прикажаното на вчерашниот меч.
„Остваривме историска цел со клубот. Во вториот дел бевме далеку подобри“ – потенцираше Спалети.
Италијанците противникот за наредната фаза ќе го дознаат утре во Нион.