Тренерот на италијански Интер, Лучијано Спалети, се осврна на гласините за можниот трансфер на Лука Модриќ во клубот од Милано.
„Заедно со навивачите, ќе продолжиме да сонуваме дека овој трансфер ќе се реализира. Клубот јасно стави до знаење дека доследно работи по ова прашање. Се разбира, играч од неговото ниво ќе биде многу важен за нас. Се надевам дека нешто ќе се случи“, признал Спалети.
Модриќ веќе неколку дена е поврзуван со трансфер во Милано. Се очекува средбата меѓу преставниците на двата тима, по која ќе се знаат и повеќе детали околу можноста европскиот првак да му дозволи на Хрватот да замине.