Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, беше задоволен од победата над Сампдорија, но разочаран од начинот на кој беше изклучен од главниот судија.
Вистинска драма се случуваше на оваа средба, беа поништени два гола на Интер и еден на Сампдорија, сите по реакција на ВАР системот и сите оправдани. Пред финалната разврска на мечот на „Луиџи Ферарис” екипата на Интер дојде до предност која на крајот се покажа решавачка бидејчи тој гол беше постигнат во 94 минута, а остануваше да се игра уште една минута до крајот.
„Се свртев кон камерата и извикував”, рече Спалети за неговото исклучување. „И четвртиот судија ми кажа дека сум премногу емотивен. Отидов пред камерата, бидејќи постигнавме навистина важен гол. Сепак, судијата го толкува тоа како премногу емоционално”, додаде Спалети.
Интер постигна втора победа во последните неколку секунди, откако го направи пресвртот против Тотенхем од 2:1 во Лигата на шампионите.
И според човекот на натпреварот Брозовиќ, овие натпревари може да бидат пресвртница по слабиот старт на сезоната. „Тежок натпревар, повторно освоивме бодови во последен момент и сме среќни. Оваа недела може да биде пресвртница во сезоната. Освоивме два многу важни натпревари и го покажавме духот на Интер”, рече хрватскиот репрезентативец.