Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети по победата против Рома и зголемувањето на предноста на врвот на табелата во Серија А на 13 бода пред второпласираниот Интер изјави:
„Можете да ги добиете овие натпревари само ако покажете волја за победа од персоналот до оние на клупата. Ваквите натпревари се тешки, но оние кои влегоа како замена докажаа дека уште на клупата веќе беа во игра. И ова е главниот квалитет на нашиот тим. Ако за време на толку долги, интензивни сезони, во секојдневната работа, не се сите на иста бранова должина и повеќе претпочитаат да го земат местото на соиграчот, а не да играат рамо до рамо со него, тогаш нема да постигнеме резултат“.