Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети го оправда поразот на Наполи од Милан со замор на играчите.
„Заморот влијаеше на нас. Многу играчи играа за своите репрезентации и даваат се од себе. Играчите се враќаат уморни. Но, и Милан ја има истата ситуација. Делумно причина за поразот е заморот, делумно е тоа како одлично играше Милан. Не настапивме на вообичаеното ниво. Малку и немавме среќа. Се надевам дека по денешниот натпревар некои работи ќе ги промениме“, изјави тренерот на Наполи.