Холандскиот фудбалски напаѓач, Арнаут Данџума, се пресели од Вилјареал во Тотенхем. Тоа го објави лондонскиот клуб на социјалните мрежи.
Договорот е во форма на позајмица до крајот на тековнава сезона со можност да бидат откупени правата за играчот. Одлуката дали ќе се активира таа ставка или не, зависи целосно од намерите на Тотенхем бидејќи опцијата не е задолжителна.
Долго време Евертон беше главен претендент за 25-годишниот играч но, работите се променија во последен миг.