Играчите на Тотенхем, Стивен Бегвајн, Тунгај Ндомбеле, Џовани Селсо, Деле Али и младиот Шпанец, Брајан Хил, ќе бидат ставени на трансфер пазарот.
Тренерот, Антонио Конте, сака да направи големи промени во ростерот и планира да се ослободи од најмалку пет фудбалери, најавија медиумите во Британија.
Според одредени инфромации, за Деле Али е заинтерсиран Њукасл додека Валенсија сака да го донесе Хил на позајмица. ПСЖ наводно го пикирал Ндомбеле.