Италијанската Рома ја одби понудата од Тотенхем за офанзивниот играч за врска, Николо Заниоло.
Лондончани упатија понуда да го земат играчот на позајмица со задолжителна откупна клаузула за 20 милиони фунти. Италијанците одговорија со одбивање, бидејќи очекуваат најмалку 50. за 23-годишниот репрезентативец на „аѕурите“.
Двата клуба ќе ги продoлжат преговорите.