Дефанзивецот на Тотенхем, Серж Орие, по трет пат ги прекрши правилата за карантин и најверојатно ќе има проблеми откако клубот најави истрага за инцидентот.
Африканецот на „Инстаграм“ објави фотографија од фризерски салон со што прекршил една од забраните во Велика Британија. Фризерските салони на Островот не смеат да работат барем до 4 јули.Во последните неколку недели, Орие прво беше откриен како тренира нелегално со клупскиот колега, Муса Сисоко а подоцна и со уште еден пријател.
Бидејќи и во двата случаја беа прекршени правилата за изолација, играчот веднаш се извини. Англиските клубови од Премиер- лигата вчера добија дозвола да одржат групни тренинзи, но, без никаков контакт меѓу играчите.