Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хенг – Мин, заработи повреда на мечот со Олимпик Марсеј во Лигата на фудбалските шампиони и ќе мора да оди на операција, потврди денеска англискиот состав.
Тоа значи дека 30-ет годишниот играч на „спарси“ до паузата поради Светското првенство во Катар ќе мора да ги пропушти мечевите со Ливерпул и Нотингем Форест.
– По операцијата, Сон ќе започне со рехабилитација со нашиот медицински тим“ – стои во соопштението на Тотенхем.