Фудбалскиот состав Тотенхем подигна кредит од 175 милиони фунти од Банка во Англија. На тој начин, клубот се надева дека полесно ќе се справи со финансиската криза што му се случи поради пандемијата на коронавирус.
„Спарси“ дефинитивно решија да ја користат политиката на британската влада за справување со кризата и подигнаа кредит со каматна стапка од само 0,5 проценти.
Клубот процени дека финансиските загуби за време на кризата би можеле да надминат 200 милиони фунти до летото во 2021 година.

