Фудбалскиот тим на Тотенхем преговара со Интер за привлекување на Иван Перишиќ. Лондончани сакаат да го изнајмат до крајот на шампионатот.
Хрватот минатата сезона ја помина на позајмица во Баерн, но, во текот на летото се врати во Италија. Сепак, тој не е дел од плановите на Антонио Конте и Интер нема проблем да се раздели од него. Перишиќ има договор со „нероазурите“ до јуни во 2022 година.
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, сака да го привлече играчот од средниот ред за да им помогне на Сон и на Кејн во фазата на напад.

