Тотенхем е подготвен да се раздели со напаѓачот Винсент Јансен за да го привлече играчот од средниот ред на Бетис, Виктор Камара, кој во сезонава игра како позајмен во англсикиот состав Кардиф.
Екипата од Шпанија која е подготвена да се раздели со фудбалерот за најмалку 20 милиони евра, сака во целиот трансфер да биде вметнат и холандскиот фудбалер Винсент Јансен. Ќе потсетиме дека Бетис во јануарскиот трансфер период се обиде да го ангажира играчот на „спарси“, но, договорот не успеа.
Сега екипата од Северен Лондон е подготвена да го испрати Јансен во Шпанија и да плати 20 милиони за ангажман на Камара.

