Тотенхем се вклучи во битката за напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње. Фудбалерот уште не го обновил договорот со клубот кој му истекува во летото во 2022 година.
Тоа значи дека Наполитанците можат да се разделат со крилото само за да не го загубат без обештетување, пишува – „La Gazzetta dello Sport“. 30-годишниот Италијанец е на радарот и на Интер.
Порталот, Трансфермаркт, го проценува фудбалерот на 48 милиони евра. Инсиње во претходната сезона одигра 48 мечеви во сите натпреварувања, постигна 19 голови и направи 11 асистенции. Инсиње со „аѕурите“ ја освои титулата на Евро 2020.