Англискиот фудбалски составТотенхем ќе побара 150 милиони фунти (173 милиони евра) за потписот на Хари Кејн доколку се појави кандидат кој ќе сака да го купи.
Ако некој ја плати бараната сума, тоа ќе биде нов трансфер рекорд на Островот и воедно трет најголем во светот по Нејмар (222 милиони евра) и Килијан Мбапе (180 милиони евра) во Пари Сен Жермен.
Кејн договор со „мамузите“ до 2024 година и добива неделна плата од 200.000 фунти. Во април во 2020 година, медиумите ја објавија информацијата дека Тотенхем би сакал да добие најмалку 200 милиони фунти за Кејн. Сега таа сума е драстично намалена.