Македонските одбојкари ја забележаа и втората победа во групата – „Б“ во Златната Лига на СЕВ. Тие славеа против Хрватска со 3-2 во крајно возбудлив и изедначен меч одигран во СЦ Борис Трајковски во Скопје.
Првите два сета ги освоивме со 25-17 и 25-22. „Коцкестите“ дојдоа до изедначување откако славеа во серија со 25-22 и 31-29. Во петтиот решавачки сет лошо започнавме но, чекор по успеавме да дојдеме до посакуваната победа со 16-14. Претходно во нашата група Украина славеше на теренот на Белгија со убедливи 3-0.
По три кола, Украинците се лидери со максимален фект, Македонија има две победи и еден пораз, Белгија има една победа и два пораза додека Хрватска е на дното без триумф.