Македонските одбојкари вечерва во СРЦ „Кале“ (20.30 ч.) ги продолжуваат квалификациите за ЕП. По победата над Унгарија на гости со 3:2, вечерва нашите репрезентативци во Скопје ја дочекуваат селекцијата на Украина против која игравме лани во финалето на Европската лига во Гентофте, Данска и загубивме со 3:1.
Украинците важат за фаворити за освојување на првото место во групата, пред Македонија, Унгарија и Швајцарија. Победата над Унгарија на крајот од квалификацискиот циклус може да се покаже како решавачка, ако не за првото, тогаш за освојување на второто место што исто така води во завршницата на ЕП. Во вториот меч во 2. коло во групата „Ф“ играат Швајцарија и Унгарија.