Патеката Матка крај Скопје во петок и сабота ќе биде домаќин на над 120 најдобри светски кајакари кои ќе се натпреваруваат на двете финални трки од годинешното издание на Светскиот Куп. Македонија е домаќин на финалните натпревари на кои ќе настапат најдобрите светски кајакари од 20 земји.
„Многу е неизвесно кој ќе биде прв. На две трки до крајот има 10 натпреварувачи кои се борат за првите три места. Нашите натпреварувачи на првите три трки имаa далеку послаби резултати од очекувањата, но сега се надевам дека ќе влеземе меѓу најдобрите 15 во генерален пласман. Исто така желба ни е барем по еден натпреварувач да обезбеди финале на трките во Скопје“, вели директорот на трките, Љубомир Спасиќ, во гостувањето на Спортското радио 90.3 фм.
Во петок натпреварите во квалификацискиот дел почнуваат од 9:45 часот, додека финалните трки по 13 часот. Во сабота квалификациите почнуваат во 9:30, а финалните трки од 12.30 часот.
Разговорот со Љубомир Спасиќ проследете го на следниот ЛИНК

