Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска изјави, дека се идентификувани напаѓачите кои вчера во Чаир со нож прободеле навивач на „Левски“ и дека се работи на нивно пронаоѓање.
Министерот рече дека возилата со бугарските регистарски таблички кои веројатно отишле да провоцираат, влегле во Македонија во приватна режија без да го користат организираниот превоз за мечот со „Шкупи“ во Скопје.
„Идентификувани се напаѓачите, колегите работат а јас очекувам наскоро да ги имаме детално сите информации“ – рече Спасовски