Фудбалскиот состав Рома соопшти дека Жозе Мурињо и неговите технички соработници ќе си заминат од клубот.
Португалецот кој се активираше на клупата на „римската волчица“ во мај 2021-ва година, успеа да ја обезбеди историска титула во Конференциската лига како и да стигне до финалето во Лигата на Европа во 2023-та.
– Му благодариме на Жозе во името на сите во Рома, за страста за посветеноста и за се што донесе од неговото пристигнување тука. Секогаш ќе имаме само одлични спомени од неговото раководење“ – стои во објавата на Рома.