Жозе Мурињо кој во минатото седеше на клупата на Челзи и на Манчестер Јунајтед, може да се врати во Премиер-лигата и да го преземе кормилото на Тотенхем, најавуваат медиумите во Англија.
Наводно, Португалецот треба да го земени Маурисио Почетино кој има разочарувачка сезона со „Спарси“ и се наоѓа пред излезната врата. Тотенхем во текот на викендот ќе игра со Вотфорд и доколку не успее да ги освои бодови, Аргентинецот може да добие отказ иако има одредена клаузула која му гарантира голема финансиска надокнада доколку пред време му биде раскинат договорот.
Мурињо кој работи како стручен аналитичар за „Скај Спортс“ за Премиер-лигата, остана без ангажман кон крајот на 2018 година кога замина од „Олд Трафорд“.