Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, најави дека ќе прави ротации бидејќи ќе има максимално збиен распоред во преминот од старата во новата година. Неговиот тим за 21 ден, ќе одигра 7 натпревари, шест во Премиер лигата и еден за Лига купот.
„Имаме огромен број натпревари во Премиер лигата. Вистината е дека нивото тука е многу повисоко отколку во Лигата на Европа“ – вели Португалецот.
„Имаме меч и со Стоук Сити во Лига Купот. Тие играат добро во Чемпионшип. Нормално е да направам ротации на толку многу натпревари. Дел од фудбалерите сега ќе добијат поголема минутажа“ – изјави Мурињо пред неделниот меч со Кристал Палас.
