Новиот тренер на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, вели дека нема никаква логика да го ангажира ветеранот, Златан Ибрахимовиќ, бидејќи го има според него, најдобриот напаѓач на светов, Хари Кејн.
„Фудбалер од калибарот на Златан кој иако има 30-на години и може да игра за било кој клуб во светот, нема никаква смисла да дојде во состав во кој го имаме Хари Кејн“ – рече Португалецот кој е крајно задоволен што може да работи со еден од главните играчи кај Спарси.
Ќе потсетиме дека Кејн и Рахим Стерлинг од Манчестер Сити со по седум голови го делат 7-мото место на листата на стрелците во Премиер лигата. На челната позиција со 12 погодоци е напаѓачот на Лестер, Џејми Варди.

