Фудбалерите Челзи со голот на Жоржињо од пенал славеа вчера против Тотенхем со минимални 1:0 во дербито на Премиер лигата.
Решавачкиот момнет се случи откако Даер сакаше да ја исфрли топката надвор од шеснаесеникот но го удри Вернер а судијата покажа на белата точка. По мечот тренерот на „Спарси“, Жозе Мурињо, ги обвини судиите дека досудиле непостоечки пенал за противникот.
„Tие постигнаа гол од пенал кој не е пенал. Не беше тоа опасна ситуација, еден на еден, тоа беше пенал кој е тешко да се прифати. Болно е кога ќе загубите меч на таков начин“ – потенцираше Португалецот.
