Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, го опиша утрешното полуфинале во Купот Карабао против второлигашот Бранфорд како негов „најзначаен“ меч откако го презеде кормилото на лондончани. Неговиот тим се надева дека по долги 13 години повторно ќе го освои трофејот.
„Клубот долги години го чека трофејот. Ако победиме на два меча ќе го освоиме. За мене секој пехар е значаен. Мислам дека тоа се однесува и за играчите и за луѓето во Тотенхем“ – изјави Португалецот.
Мурињо досега три пати ја освоил наградата со Челзи и еднаш со екипата на Манчестер Јунајтед.

