Голманот, Хулио Сперони, ќе го напушти составот на Кристал Палас по крајот на сезоната во Премиер-лигата. Тогаш ќе истече договорот на Аргентинскиот фудбалски ветеран кој ќе биде слободен да си побара нов тим.
Сперони премина во Палас од шкотскиот Данди во 2004 година по што одигра 405 натпревари во дресот на „орлите“ од Јужен Лондон. 39-годишниот Сперони стана и рекордер по бројот на одиграни натпревари во Кристал Палас. Ветераниот четири пати беше избиран за фудбалер број 1 од фановите на тимот.
Интернационалецот од Јужна Америка во тековнава сезона се појави на само два меча. Кристал Палас кој го има 12-то место во Премиер-лигата, во последното коло ќе му биде домаќин на Бурнмаут.