Офанзивниот играч за врска на Краснодар, Едуард Сперсијан е прва алтернатива на Јувентус доколку во зимскиот преоден рок не успее да го купи крилото на Сасуоло, Доменико Берарди тврди – „Sky Sport“.
Торинскиот клуб за ерменскиот интернационалец ќе треба да плати 15 милиони евра. 23-годишниот фудбалер има договор со Краснодар до летото во 2026 година.
Сперсијан во сезонава забележа 18 настапи во сите конкуренции, постигна 7 голови и има 3 асистенции.