Македонија победи против Гибралтар и ги прокнижи првите бодови во Лигата на нации, на оваа среба одга две различни полувремиња, но тоа е нешто што може да окаректеризира и како тактика на нашиот стручен штаб за да се сочуваат силите за мечот со Ерменија.
Нашиот репрезентативец Стефан Спировски истакна дека нашите фудбалери добиле еден тежок натпревар.
„Успеавме да добиеме тежок меч со една репрезентација која се бореше за секоја топка. Игравме на тежок терен, меѓутоа навреме го отворивме резултатот и со вториот гол беше полесно да се игра. Ни требаше малку време да се прилагодиме. Противникот чекаше на наша грешка. Не успеавме да дадеме трет гол, но победа си е победа. Добро го започнавме ова натпреварување, сега сакаме добар резултат и на средбата со Ерменија. На мечот в недела ќе дадеме се од себе и ќе се бориме за националниот тим, дресот и државниот грб“, изјави Спировски по вчерашниот натпревар.