Нашиот фудбалски репрезентативец, Стефан Спировски, не крие дека е оптимистички расположен пред утрешниот меч со Португалија за место на Мундијалот во Катар.
„Стигнавме до еден меч пред светското првенство. Ако можевме да ја победиме Италија зошто да не ја совладаме и Португалија. Имавме доволно време да се одмориме и да се подготвиме. Кој и да излезе на терен ќе го даде максимумот“ – вели Спировски во изјавата за Спортско радио 90,3 ФМ.
„Утрешниот меч ќе биде многу поразличен од тој со Италија. Очекувам, ајде да кажам, да има многу повеќе шанси за нас и подобра финализација. Очекувам позитивен резултат, затоа и одиме во Порто“ – вели Спировски.