Репрезентативецот на Македонија и играч на АЕК Ларнака, Стефан Спировски ќе има сериозна задача во средината на теренот во организација на играта на нашата репрезентација на мечот со Косово.
Пред натпеварот со Косово, Спировски изјави…
„Ова ќе биде можеби најважниот натпревар во кариерата. Се работи за настап за националниот дрес и можност да се избори пласман на Европско првенство. Предноста за нас ќе биде што ќе играме на домашниот терен, но факт е дека сем поквалитетна репрезентација од Косово. Пандев е нашиот лидер, тој е најдобриот играч на нашата репрезентација и ќе значи многу неговото играње на овој натпревар Слушаме дека сме фаворити, но тоа треба да го докажеме на терен. Ќе дадеме сè од себе за да ги израдуваме нашите навивачи“ изјави Спировски.

