Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, откако ја прекина соработката со францускиот производител на автомобили – Пежо, најверојатно ќе остане без уште еден значаен спонзор.
Станува збор за компанијата – „Лакоста“ која долги години покрива дел од трошоците на еден од најдобрите спортисти на денешницата. Швајцарските медиуми денеска објавија дека соработката ќе биде прекината и дека Ѓоковиќ ќе остане без големи 27 милиони долари кои требаше да ги заработи до крајот на договорот до 2025 година.