Напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн е избор на навивачите на Реал Мадрид кои го избраа овој фудбалер како најпогоден да ја заменат ѕвездата која го напушти Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.
Оваа анкета на „Марка”, опфатила повеќе од 200.000 поддржувачи на европскиот клубски шампион.
Од осумте опции кои биле понудени, најмногу гласови добил Хари Кејн, дури 26% од гласовите на читателите. Понатаму следуваат Едисон Кавани од ПСЖ и Мауро Икарди од Интер со 14%. Поранешниот напаѓач на „Кралскиот клуб“ и сега на Олимпик Лион Мариано и најдобриот стрелец на Баерн Минхен Роберт Левандовски добиле 12%.
Друг поранешен играч на Реал Мадрид, Алваро Мората, доби 8% од гласовите, додека Родриго од Валенсија имал само 6%. Анкетата не ги вклучила ѕвездите на ПСЖ Нејмар и Килиан Мбапе, како и Еден Азар од Челзи, кој е плејмејкер.