Како предигра на финалниот натпревар на СП во Русија еден податок за тоа која репрезентација колку вреди на СП, односно каква е разликата меѓу двете селекции финалисти на ова СП во Русија.
Франција според Трансфермаркет вреди нешто повеќе од 1 милијарда евра, додека Хрватските фудбалери според истиот показател вредат три пати помалку. Француските репрезентатиивци се највредните на ова СП, зад нив се селекциите на Бразил (981 милион евра), Шпанија со 974 милион евра, но овие селекции ги нема во заврѓшницата на овој Мундијал.
Според податоците на Трансфермаркет , репрезентацијата на Хрватска има вредност од 364 милиони евра.
Најскап играч кај Хрватска е Иван Ракитиќ со 50 милиони евра, а понатаму следуваат Лука Модриќ и Иван Перишиќ со 40, Матео Ковачиќ со 30, Адреј Крамариќ со 27, Шиме Врсаљко – 25, Марио Маџукиќ и Дејан Ловрен со 20 и останатите со помала сума.
Кај Франција оваа листа ја предводи Килијам Мбапе со вредност од 120 милиони евра, а следуваат Абоан Гризман со 100 милиони евра, Пол Погба – 90, Рафаел Варан – 70, Самуел Умтити – 60, Набил Фекир 60 и други.
Останува да видиме дали ќе победат оние кои имаат поголема или помала пазарна вредност на фудбалскиот тртансфер пазар.