Велес е шестиот град во Македонија во кој се реализира – „Денот на спортот“ кој промовира спортски вредности и ги отвора вратите за најмладите.

Младите спортисти беа поздравени од претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалникот на Велес, Марко Колев, пратеникот Игор Здравковски, заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, како и директорот на Гимназијата „Кочо Рацин“, Илија Попов, кој се погрижи организацијата да биде на врвно ниво.

Ракометната легенда Пепи Манасков и поранешниот фудбалер Панче Ќумбев, заедно со младите дечиња, го донесоа факелот и симболично го означија почетокот на СИМ.







