Екипата на Спортинг Лисабон го објави назначувањето на Жозе Пезеиро за нов тренер на клубот. Само неколку дена по отказот за Синиша Михајловиќ, Португалците веднаш најдоа негов наследник во 58-годишниот стратег.
Вреди да се спомене дека ова не е прв ангажман на Пезеиро на кормилото на Спортинг, затоа што тој веќе беше тренер на екипата од Лисабон во периодот од 2004 до 2005 година. Тогаш под негово водство Спортинг имаше одлична сезона во европските купови.