Спортинг Лисабон го отпушти тренерот Жоао Переира, соопшти португалскиот фудбалски клуб.
40-годишниот стручњак беше на чело на клубот од 11 ноември по заминувањето на Рубен Аморим, кој го презеде Манчестер Јунајтед. Под раководство на поранешниот дефанзивец, Спортинг одигра осум натпревари и забележа три победи, едно реми и четири порази.
Спортскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Руи Борхес ќе биде нов тренер на тимот. Тој ќе биде претставен во текот на денот, но договорот е веќе потпишан.
Спортинг има 37 бодови од 14 натпревари и е втор во португалската лига.
Тимот од Лисабон го загуби првото место во португалската лига и има бод помалку од новиот лидер Бенфика, додека во Лигата на шампионите тимот е 17-ти.

