Раководството на Спортинг Лисабон размислува да го смени името на својот стадион и во иднина тој да го носи името на Кристијано Роналдо.
Според медиумите во Португалија, клубот планира да го преименува сегашниот „Жозе Алваладе“ во „CR7 стадион“ или „Алваладе CR7“.
Инаку, Жозе Алваладе е основач и прв член на Спортинг, кој го формираше клубот на 1 јули 1906 година. Доколку се реализираат овие најави, тоа ќе биде голема чест за Кристијано Роналдо, кој е еден од најдобрите фудбалери во историјата и ќе биде еден од ретките активни фудбалери по чие име именуван стадион.
Кристијано Роналдо е роден на островот Мадеира, а својата професионална кариера ја започна во Спортинг Лисабон, каде одигра само една сезона (2002/03 година), за потоа да направи трансфер во Манчестер Јунајтед, за потоа да се пресели во Реал Мадид, а сега е член на Јувентус.