Денеска во МОК беа претставени нашите репрезентативци кои ќе настапат на Европските Игри во Полска од 21 јуни до 02 јули.
Македонија ќе биде застапена во 7 спортови со вкупно 17 натпреварувачи меѓу кои како фаворити за медал се издвојуваат: сребрениот Олимпиец во таеквондо , Дејан Георгиевски, носителот на европско злато, Емил Павлов – карате и освојувачката на бронза од последното европското клупско првенство во таеквондо, Милја Рељиќ.
Покрај нив во експидицијата се вклучени и Никола и Владимир Малески ( кајак-спринт), Анастасија Мојсовска и Мартин Ангелески ( спортско стрелаштво), боксерите, Ален Рустемовски, Илхан Атила и Арјан Исени. Ангел Петрушев ќе се појави во кајак-слалом а Димитар Пејчиновски во текбол. Во мечување ќе ги имаме Петар Србиновски, Никола Николовски, Матеј Тодоровски и Петар Дамјановски. Во Таквендо покрај Георгиевски и Рељиќ ќе настапи и Анамарија Георгиевска.