Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска најави дека спортот полека ќе се враќа во нормала со задолжително почитување на владините мерки за справување со Ковид-19.
Прво ќе може да се работи во индивидуалните конкуренции а потоа ќе биде дадено зелено светло и за екипните спортови за тренинзи на отворено. Според планот, за три седмици доколку има услови, ќе бидат дозволени и колективните тренинзи во сала, како и отворање на фитнес центри, базени и друго.
Кај нас ракометот стави крај на сезоната додека кошарката, одбојката и фудбалот се во фаза на мирување.