Македонските спортисти кои се дел од иницијативата „Спортисти против корона“ за помош на медицинските установи ширум државата денеска дадоа донација и на Клиничката болница во Битола, која доби заштитни маски, ракавици и визири.
„Голема благодарност на сите кои донираа и се одзваа на оваа голема акција, во која донации дадоа сегашни спортисти, спортски клубови, како и поранешни спортисти кои самоиницијативно се пријавија да донираат, а меѓу нив и голем број на битолчани. Ова е донација за здравтствените работници кои деноноќно работат за да решат оваа здравствена криза и со овој вирус, кој на крај упати благодарност до сите кои донираа“, изјави ракометниот репрезентативец Никола Митревски.
Поранешниот ракометар, Горан Кузманоски, кој е иницијаторот на акцијата, најави дека по Клиниката за детски болести во Скопја и Клиничката болница во Битола, ќе следуваат донации во други здравствени центри и социјално загрозени семејства.