Напаѓачот на Франција, Килијам Мбапе, иако има само 19 години во континуитет се поврзува со големите фудбалски имиња.
Тој на натпреварот со Аргентина стана првиот тинејџер во последниве 60 години кој во елиминацискиот дел на Мундијалите дал два гола на еден меч. Тоа претходно го направи легенардниот Пеле кој на 17 години во дебитантскиот настап на СП ја затресе во два наврата мрежата на Шведска.
Мбапе сега покажа неверојатни спринтови со кои може да му парира на „најбрзиот човек на планетава“ атлетичарот, Усаин Болт. Интересно тоа што Мбапе има спортски гени. Неговата мајка Фејза Ламар, играла ракомет кон крајот на 90-тите додека неговиот татко бил фудбалер.