Во очи на денешниот дуел со Украина, средба во Букурешт и со уште еден наш поранешен репрезентативец. Александар Бајевски во романската престолнина заедно со нашите навивачи го очекува вториот настап на Македонија на ова ЕП.
„Украина е квалитетен противник. Сигурно не чека уште една тешка средба. Очекувам нашите фудбалери да се стабилизираат и да се фокусираат само на мечот. Мора да се соземат, и може да освоиме некој бод. Мислам дека и втората фаза не е недостижна“, прогнозира Бајевски.
Комплетниот разговор следете го на нашата програма.

