Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Спортско радио 90.3 фм во Улцињ: Екс-ју ѕвездите на најголемиот регионален фудбалски собир
    Фудбал

    Спортско радио 90.3 фм во Улцињ: Екс-ју ѕвездите на најголемиот регионален фудбалски собир

    sasoBy saso11/11/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Со факели, аплаузи и многу овации до доцна во ноќта, Улцињ ги пречекуваше некогашните ѕвезди на екс-ју фудбалот на еден голем регионален настан, досега незапаметен на овие простори. Улцињ не е град со голема фудбалска традиција, но три дена е регионален фудбалски центар.

    Спортското радио 90.3 фм е дел од промоцијата на книгата и документарниот филм за некогашната фудбалска легенда на Хајдук и на југословенскиот фудбал, Иван Гудељ, на која присуствуваат великаните на некогашниот југословенски фудбал. Фановите со факели на пристаништето во Улцињ синоќа го пречека Иван Гудељ, а со него и другите легенди на хрватскиот фудбал како Ивица Шурјак, Иво Јеролимов, Никица Цукров, Вјеран Симуниќ…

    Од Босна и Херцеговина делегацијата на настанот ја предводат легендарните Мехмед Баждаревиќ, Фарук Хаџибегиќ, Предраг Пашиќ, Хусреф Мусемиќ, Мирсад Фазлагиќ и др.

    Тука се и дел од легендите на црногорскиот и српскиот фудбал, а меѓунив со посебни овации беше пречекан и белградскиот коментатор Милојко Пантиќ, како и нашиот Драган Канатларовски кој е меѓу гостите кои ќе присуствуваат на промоциите на книгата и филмот за Гудељ.

    Книгата е со наслов „Хајдукова приказна“ и е дело на авторот Блаж Дупланчиќ, додека документарниот филм во режија на познатиот режисер Томислав Жаје носи наслов „Иванова игра“.

    Иван Гудељ рано ја заврши својата фудбалска кариера на само 27 години, поради здравствени проблеми. За нашата јавност е интересно да се знае дека дел од неговата рехабилитација успешно ја помина и во Македонија, поточно во Отешево.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања

    29/09/2023

    Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.