Спортско радио 90,3 ФМ в пресрет на новата ракометна сезона во СЕХА Газпром лигата, ја продолжи соработката со челниците на регионалната елитна конкуренција.
Екипата на нашиот медиум денеска оствари средба со Томислав Маџерчиќ, претставник на СЕХА Газпром лигата од Загреб (Хрватска), кој потенцираше дека е задоволен од досегашната соработка. Интервјуто што го направи колегата ,Тони Митев, со г-дин Маџерчиќ, ќе може да го слушате во 16.45 часот на нашата програма.
Новите возбудувања во СЕХА Газпром лигата ќе стартуваат на 2 септември а Спортско радио 90,3 ФМ ќе продолжи да ги следи и со специјализираните емисии како што беше и во изминатата сезона. Слушајте се за СЕХА Газпром лигата на Спортско радио!