Капитенот на македонската одбојкаркарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, кој е дел од „фалангата“ во Романија, не крие дека е голем оптимист и дека верува во победат против Украина.
„Прекрасна атмосфера, ми е мило што сум тука за да навивам и се надевам дека ќе донесам среќа за да победиме. Се надевам дека ќе имаме и ние добра поддршка кога ќе играме и дека ќе ни биде полесно да победиме“ – изјави Ѓорѓиев во разговорот со специјалниот известувач на Спортско Радио 90,3 ФМ од Букурешт, Сашо Кузмановски.
Разговорот со Никола Ѓорѓиев како и со повеќе реномирани имиња од нашиот спорт кој се присутни во Букурешт, слушајте ги на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.